Со огномети, музика и целовечерни забави светот влезе во новата деценија.
И оваа година огромен број славеници се собраа на
прославите вклучувајќи го и традиционалниот масовен собир на Тајмс Сквер во Њујорк.
Неколку милиони луѓе се собраа во Рио де Жанеиро на масовна прослава со огномет и музика на познатата плажа Копакабана во Бразил.
Франција ја дочека новата година со голем огномет во Париз.
Огромниот часовник над Кремлин во Москва го означи почетокот на 2020 година проследен со огномет и вештачки снег. Поради невообичаено топлите температури руските власти настојуваат со вештачки снег да создадат новогодишна атмосфера во Москва.
Десетминутен огномет ги воодушеви славениците во Дубаи. Бројни огномети го осветлија небото над Азија и Пацификот, вклучувајќи го и спектакуларниот огномет во Сиднеј.
Другите градови во Австралија ги откажаа огнометите поради опасноста од ширење на пожарите.
Во Хонг Конг, огнометот беше откажан од безбедносни причини, бидејќи веќе со месеци има протести.
Facebook Forum