Линкови за пристапност

Откриени потенцијално директни докази за постоење на нова планета


Научници од Европската јужна опсерваторија, велат дека можеби обезбедиле потенцијално први директни докази за постоење на нова планета.

Ова е прво вакво откритие, рече главниот научник Ентони Бокалети.

„Досега се идентификувани илјадници планети надвор од Сончевиот Систем, но, малку се знае за тоа како тие се формираат“, рече тој.

Овие планети, познати како екзопланети, се такви што орбитираат околу ѕвездите, а не околу Месечината или Сонцето.

Научниците го користат Многу големиот телескоп на Европската јужна опсерваторија, лоциран во Чиле, кој овозможува истражување на екзопланети во екстремно големи детали.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG