Линкови за пристапност

Претставена нова легислатива за марихуаната


Со неа, американските сојузни држави би можеле да усвојат свои закони околу евентуаланата употреба

Двопартиска група американски законодавци, денеска претставија нова легислатива којашто на сојузните држави би им овозможила да усвојат и спроведат сопствени закони за марихуана и покрај долгогодишната федерална забрана за употреба на канабисот.

Предлог-законот гарантира дека „секоја држава има право да го определи најдобриот пристап кон марихуаната и тоа во рамки на своите граници“, се вели во соопштението на републикански и демократски сенатор.

Легислативата се случува по околу пет месеци откако американскиот генерален правобранител Џеф Сешнс, ги отфрли упатствата на Одделот за правда усвоени за време на мандатот на Обама, кои не налагаа преостар приод за примена на законот за марихуана во сојузните држави каде таа е легална.

Наместо тоа, Сешнс од федералните обвинители побара да „ги спроведат законите донесени од Конгресот и да ги следат добро воспоставените принципи при спроведувањето на обвиненијата поврзани со активностите на марихуаната“.

Одлуката се покажа контроверзна. Додека потегот го поддржаа неколку водечки здруженија за спроведување на законот, тој беше остро осуден од поборниците за марихуана и сојузните држави со полиберална политика за прашањето.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG