Линкови за пристапност

Њу Хемшир во фокусот


Претседателските кандидати од обете партии пред да се одржат изборите, ќе одржат нова рунда дебати

Со фокусот на Њу Хемшир, каде во вторник ќе се одржат следните партиски избори, претседателските кандидати од обете партии ќе се појават на нова рунда дебати на кои повторно ќе ги истакнат своите ставови.

Поранешната државна секретарка Хилари Клинтон, која што извојува тесна победа врз Берни Сандерс во Ајова, денеска заедно со него ќе учествува на јавен собир, по што следи редовната дебата на Демократската партија закажана за четврток. Републиканците својата дебата ќе ја одржат во сабота.

Според анкети во Њу Хемшир, меѓу републиканските кандидати води Трамп, меѓутоа овие испитувања на јавното мислење се направен пред изборите во Ајова.

Анкетите меѓу демократските гласачи во Њу Хемшир, пак, покажуваат дека води Сандерс. Сепак, Клинтон за тв-мрежата Си-Ен-Ен изјави дека е оптимист за шансите на престојните избори во оваа сојузна држава.

XS
SM
MD
LG