Гласачите во североисточната американска држава Њу Хемпшир денеска гласаат за кандидат на Демократската партија за претседател кој треба да му се спротивстави на претседателот Доналд Трамп на националните избори во ноември.
Ова е второ прелиминарно гласањето во државата, откако претходно се гласаше во Ајова.
До првите селекции дојде веднаш по полноќ, во малиот град Диквсил Ноч, каде на прво место се најде поранешниот градоначалник на Њујорк, Мајкл Блумберг, а веднаш зад него изедначени сенаторот Берни Сандерс и поранешниот градоначалник на Саут Бенд, Индијана, Пит Бутиџеџ.
На добри резултати на денешното гласање, се надеваат и тројцата други кандидати - поранешниот потпретседател Џо Бајден, сенаторката од Масачусетс, Елизабет Ворен и сенаторката од Минесота, Ејми Клобучар.
Предизборните анкети покажаа дека Сандерс води пред Бутиџеџ во Њу Хемпшир.
Facebook Forum