Линкови за пристапност

Кој е новиот секретар за одбрана на САД?


Пет факти за првиот човек на американската одбрана:

1.Патрик Шанахан беше заменик на секретарот за одбрана, Џим Матис.

„Во изминатата година и половина тој бил изложен на прашањата поврзани со политиката. За него ништо не е ново“ изјави Тод Розенблум, поранешен заменик секретар за одбрана.

2. За разлика од Матис, кој поминал повеќе од 40 години во армијата пред да ја преземе највисоката цивилна функција во Пентагон, Шанахан поминал повеќе од 30 години во приватниот сектор и работел за авио-производителот Боинг.

Критичарите изразија загриженост поради недостатокот на воено искуство и можната пристрасност кон неговата поранешна компанија која произведува воена опрема за Пентагон.

3. Позициите за надворешната политика на Шанахан се релативно непознати. Во писмото за оставка кое Матис го напиша до Трамп, тој кажа дека претседателот има право на секретар за одбрана кој е поблизок на неговите интереси. Сепак, не е јасно дали Шанахан одговара на тоа барање.

4. Досега Шанахан искажа безрезервна поддршка за Трамп. На состанокот на кабинетот во Белата куќа на 2-ри јануари тој се согласи со Трамп по прашањето за граничната безбедност, велејќи: „Заканата е реална. Ризиците се реални. Треба да ги контролираме нашите граници“. За време на посетата на Трамп на Пентагон на 17-ти јануари за да ја промовира стратегијата за ракетна одбрана, Шанахан кажа дека Пентагон е целосно подготвен за задачата.“

5. Шанахан вели дека сака да го држи Пентагон надвор од политиката. Сепак опстанува неодговорeно прашањето што тоа значи за барањата на врховниот командант на САД.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG