Линкови за пристапност

Бренан даде заклетва на фукцијата директор на ЦИА


Ја поддржува владата во употребата на беспилотни летала за елиминирање на лица во странство, осомничени за тероризам.

Џон Бренан даде заклетва на функцијата директор на Централната разузнавачка агенција (ЦИА), на церемонија во Белата куќа со која раководеше потпретседателот Џо Бајден.

Бренан, номиниран од страна на претседателот Барак Обама, е долгогодишен член на ЦИА кој ја поддржува владата во употребата на беспилотни летала за елиминирање на лица во странство, осомничени за тероризам.

Сенатот ја потврди номинацијата на Бренан четвртокот. Претходно, републиканецот од Кентаки Ранд Пол се закани дека ќе ја блокира номинацијата поради политиката на Белата куќа за беспилотните летала. Користејќи го процедуралното право на временски неограничено говорење, таканаречениот филибастер, тој 13 часови ги изложуваше ставовите против потврдувањето на Бренан. Пол упати барање до владата на Обама да ги појасни ограничувањата за користење на нападите со беспилотни летала против Американци осомничени за тероризам на американска почва.

Главниот правобранител Ерик Холдер потоа испрати кусо писмо до Пол во кое наведе дека претседателот нема овластување да убива американски граѓани кои не се вмешани во борбени активности на американска почва.
XS
SM
MD
LG