Линкови за пристапност

Кејт Брнс: Ќе работам на подобрување на човековите права, слободни медиуми и отворени пазари


Сенатот денес имаше сослушување за потврда на новата амбасадорка на САД во Северна Македонија

Сенатот на САД денес имаше сослушување за потврда на номинацијата за новата американска амбасадорка во Северна Македонија Кејт Брнс. Таа најави три приоритети во фокус на нејзината работа ако биде потврдена за идна амбасадорка во Скопје.

"Прво ќе промовираме стабилност преку силни институции. Северна Македонија направи значен прогрес во унапредување на законите за исполнување на реформите, вклучително за судска независност, владеење на правото и одговорност", рече Брнс.

Таа истакна дека политичките лидери треба да осигураат овие закони да бидат целосно имплементирани, со цел да направат вистинска промена и да ги исполнат потребните стандарди за членство во Европската Унија и НАТО.

"Конгресот направи траен ефект врз демократските реформи и развој на Северна Македонија. Ако бидам потврдена, ќе осигурам оваа американска Влада тоа да го продолжи", рече Брнс.

Како втор приоритет ја истакна безбедноста преку партнерство.

"Како иден НАТО сојузник, Северна Македонија мора да ги исполни заложбите. Ќе работам со членови на оваа Комисија да осигурам дека Северна Македонија ќе продолжи да дава силен придонес за безбедноста на НАТО", рече таа, додавајќи дека државата учествува во меѓународни операции од 2002 година, испраќајќи речиси 4.000 војници.

"Трето, ќе промовираме просперитет преку позитивно влијание. Северна Македонија ќе има бенефит од подобрување на човековите права, вклученост, слободни медиуми и отворени пазари. САД ќе бидат партнери во градење нови можности за идните генерации преку УСАИД и други програми и јавна дипломатија", вети Брнс.

На прашањето за мешањето на Русија во Северна Македонија, Брнс рече дека има цел да креира поделба и недоверба, јавно спротивставувајќи се на Договорот од Преспа и влезот на државата во НАТО, но, оти таа ќе работи на поддршката на независни медиуми и граѓанско општество, кои ќе помогнат во откривање на фактите и вистината.

Таа додаде дека Северна Македонија има потреба од повеќе извори на енергија и патишта, како и од енергетски пазар, кој ќе биде интегриран во регионалниот пазар.

"Има замислен проект со Грција, кој ќе овозможи Северна Македонија да добие различни извори на снабдување", рече Брнс.

Таа го истакна Договорот од Преспа како огромен дипломатски успех, нагласувајќи дека напорите на лидерите на Северна Македонија и Грција да го постигнат овој историски договор ќе донесат стабилност пошироко во регионот.

Решителноста на премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас да стават крај на спорот за името ја поздрави и сенаторката од Њу Хемпшир Џин Шахин, на денешното сенатско сослушување.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG