Линкови за пристапност

Невада прифати гласање по пошта


Американскиот претседател Доналд Трамп се закани со тужба

Законодавците во Невада се согласија да им испратат гласачки ливчиња на сите гласачи во оваа западна американска држава за претседателските избори во ноември, потег што предизвика критика од претседателот Доналд Трамп дека е неправеден кон републиканците.

Преку автоматско испраќање на ливчињата по пошта ќе се избегнат долги редици на гласачките места на трети ноември во услови на континуиран раст на пандемија на коронавирусот во САД.


Законодавството, кое се очекува да биде потпишано од демократскиот гувернер Стив Сисолак, ќе ѝ овозможи на Невада полесно гласање преку автоматско испраќање на ливчињата по пошта.

Со ова ќе се избегнат долги редици на гласачките места на трети ноември во услови на континуиран раст на пандемија на коронавирусот во САД.

Трамп тврди, без докази за тоа, дека зголеменото гласање преку пошта, во Невада и на други места, ќе доведе до широко распространета изборна измама и избори против него.

Претседателот се закани дека ќе тужи за да ја блокира промената во режимот на гласање во Невада, каде што изгуби со 27.000 гласови од демократката Хилари Клинтон на изборите во 2016 година.

Анкетите покажуваат дека државата се свртува кон претпоставениот демократски кандидат, поранешен потпретседател Џо Бајден наспроти Трамп, на три месеци до изборите.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG