Линкови за пристапност

Двајца мртви и двајца повредени во училиште во Невада


Ученик од основното училиште во Спаркс, Невада,во прегратка на најблиските, непосредно по инцидентот
Ученик од основното училиште во Спаркс, Невада,во прегратка на најблиските, непосредно по инцидентот

12-годишник го убил наставникот и ранил двајца соученици, пред да си го одзеде животот.

12-годишник го убил наставникот и ранил двајца соученици, пред да си го одзеде животот, е крвавиот биланс на нападот во основно училиште во градот Спаркс, во сојузната држава Невада.

Напаѓачот се самоубил уште пред да пристигне полицијата. Двајцата ранети ученици се хоспитализирани и се наоѓаат во стабилна состојба. Убиениот наставник, 45-годишниот Мајкл Ландсбери, е армиски ветеран. Тој бил застрелан кога се обидел да ги заштити учениците. Од 150 и 200 полицајци одговориле на повикот за помош. Училиштето Спаркс ќе остане
затворено до крајот на неделата.

Ова е најнов во серијата инциденти со огнено оружје ширум САД. Пред една година, во основното училиште Сенди Хук во сојузната држава Конектикат, загинаа 20 деца и шест возрасни.
XS
SM
MD
LG