Линкови за пристапност

Ромни води во Невада пред саботните кокуси


Ромни води во Невада пред саботните кокуси
Ромни води во Невада пред саботните кокуси

На само еден ден пред гласањето во Невада републиканскиот претседателски кандидат Мит Ромни е на пат за уште една победа.

Ново истражување на Las Vegas Review-Journal и 8NewsNow на поранешниот гувернер на Масачусетс му дава 20 поени предност пред поранешниот спикер на Претставничкиот дом Њут Гингрич. Ромни има 45 проценти, а Гингрич 25 проценти. Истражувањето на веројатни републикански кокус-гласачи покажува дека поранешниот сенатор од Пенсилванија Рик Санторум има 11 проценти и тексашкиот конгресмен Рон Пол има 9 проценти.

Невада е една од осумте натпревари за претседателска номинација што ќе се одржат пред таканаречениот „супер вторник“ на 6 март кога десет сојузни држави ќе ги одржат своите номинирачки натпревари.

Ромни се очекува да добие поттик во Невада од своите следбеници од мормонска религија. Тој победи во Невада кога прв пат се кандидираше за републиканска номинација во 2008. Освен тоа мормоните прават околу четвртина од републиканските гласачи на кокуси, а 95 проценти од нив го поддржуваат Ромни.

Ромни во петок имаше голем број настани низ Невада. Гингрич и Пол исто така водат кампања во Невада, додека Санторум го фокусира вниманието на Мисури, каде прелиминарното гласање е во вторник.

XS
SM
MD
LG