Линкови за пристапност

Уапсен осмничениот за пукањето во трамвај во Утрехт


Се работи за 37-годишниот Гокмен Танис, со турско потекло

Холандската полиција го уапси осомничениот за пукањето во трамвај во Утрехт, Холандија, при кое беа убиени три лица, а пет други се повредени.

Се работи за 37-годишниот Гокмен Танис, со турско потекло.

Властите ја зголемија безбедноста на највисоко ниво, откако премиерот Марк Рут рече дека не е исклучена можноста дека се работи за терористички напад.

Турската агенција „Анадолу“ пак известува дека роднините на осомничениот велат оти пукањето било резултат на фамилијарен проблем.

Надлежните утрото распоредија неколку хеликоптери за да им помогнат на повредените, а ги повикаа и граѓаните да останат подалеку од локацијата за да може да се направи место на спасувачите да ја пружат потребната помош.

Полицискиот портпарол соопшти дека се земени предвид сите можни причини за инцидентот, вклучувајќи и терористички мотив.

Премиерот Рут рече дека е длабоко загрижен за инцидентот.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG