Линкови за пристапност

Нетанјаху ги отфрли наводите за корупција


Израелскиот премиер рече дека Владата е стабилна

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, рече дека неговата коалициона влада е „стабилна“ и ја отфрли полициската препорака да биде покренато обвинение против него за корупција во два одделни случаја.

„Ниту јас, ниту некој друг, има планови за избори“, рече Нетанјаху. „Ќе продолжиме да работиме заедно за доброто на израелските граѓани се` до крајот на мандатот“, рече тој.

Препораката за кривично обвинение дојде по повеќемесечната истрага околу наводите дека Нетанјаху прифатил скапи подароци од милијардери, меѓу кои и од холивудскиот продуцент Арнон Милчан, кој е роден во Израел, како и од австралискиот медиумски магнат Џејмс Пакер.

Израелскиот јавен обвинител Авишаи Манделблит, треба да ја донесе конечната одлука дали ќе има обвинение против израелскиот премиер.

Нетанјаху вчера рече дека препораката на полицијата на крај, ќе пропадне.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG