Линкови за пристапност

Нетанјаху побара црвена линија за Иран


Предупреди дека тоа е единствениот начин да се спречи нуклеарна војна.

Држејќи дијаграм на кој беше претставена бомба, израелскиот премиер Бенџамин Нетанјаху го повика светот да повлече црвена линија за иранската нуклеарна програма, предупредувајќи дека тоа е единствениот начин да се спречи нуклеарна војна.

„Црвената линија треба да се повлече токму тука, пред Иран да ја комплетира втората фаза на процесот на збогатување на нуклеарен материјал, неопходен да се направи бомба, пред Иран да дојде до точка кога би бил неколку месеци или недели од тоа да има доволно збогатен ураниум за да направи нуклеарно оружје“, рече Нетанјаху, повлекувајќи црвена линија на самиот врв на бомбата на дијаграмот.

Според израелскиот премиер, Иран може да дојде до таа точка до крајот на август или почетокот на септември наредната година, под услов иранските капацитети за збогатување на ураниум да продолжат до работа. Нетанјаху ги нарече иранските лидери апокалиптични, додавајќи дека нема да се двоумат да употребат нуклеарно оружје против Израел или која и да е друга земја. Тој ги критикуваше и сугестиите дека нуклеарен Иран би можел да помогне за стаблизација на Блискиот Исток, коментирајќи дека тоа е исто како да се каже дека нуклеарно вооружената Ал-Каида би помогнала да се постигне мир во светот.

Официјален Техеран инсистира дека има мирољубиви нуклеарни цели, но светските сили се сомневаат дека земјата се обидува да развие нуклеарно оружје, поради што воведоа неколку рунди на санкции.
XS
SM
MD
LG