Линкови за пристапност

Нетанјаху побара од Илон Маск да се справи со антисемитизмот на X


Се надевам дека ќе најдете во границите на првиот амандман, способност не само да го запрете антисемитизмот, туку и секоја колективна омраза кон народот, рече Нетанјаху за време на состанокот што беше емитуван во живо на Х од фабриката на Тесла во Калифорнија.
Се надевам дека ќе најдете во границите на првиот амандман, способност не само да го запрете антисемитизмот, туку и секоја колективна омраза кон народот, рече Нетанјаху за време на состанокот што беше емитуван во живо на Х од фабриката на Тесла во Калифорнија.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го повика Илон Маск да воспостави рамнотежа помеѓу заштитата на слободното изразување и борбата против говорот на омраза на состанокот денес, по неколкунеделни контроверзии околу антисемитската содржина на платформата на социјалните медиуми Х.

Претходно овој месец, Маск ја нападна Лигата за борба против клеветата, обвинувајќи ја непрофитната организација која работи на борбата против антисемитизмот дека првенствено предизвикува 60% намалување на приходите од реклами во САД на X, без да обезбеди докази.

Маск ја купи платформата, тогаш позната како Твитер, во октомври.

„Се надевам дека ќе најдете во границите на првиот амандман, способност не само да го запрете антисемитизмот, туку и секоја колективна омраза кон народот“, рече Нетанјаху за време на состанокот што беше емитуван во живо на Х од фабриката на Тесла во Калифорнија.

„Знам дека сте посветени на тоа... но ве охрабрувам и ве повикувам да најдете рамнотежа“, рече Нетанјаху.

Маск одговори велејќи дека е против антисемитизмот и против се` што „промовира омраза и конфликт“, повторувајќи ги неговите претходни изјави дека Х нема да промовира говор на омраза.

Маск рече дека X треба да биде платформа за луѓето да објавуваат различни гледишта, но компанијата ќе ја ограничи дистрибуцијата на одредени објави кои може да ги прекршат нејзините политики.

Милијардерот, кој исто така раководи со „Тесла“ и „ЕксСпејс“ истакна дека добил повеќе притисок од вработените во „Тесла“ за состанокот со Нетанјаху отколку „се` што друго што сум направил“.

Нетанјаху и неговата националистичко-верска коалиција се обидуваат да ограничат некои од овластувањата на израелскиот Врховен суд, тврдејќи дека е неопходно да се спречи политичкото пречекорување од неизбраните судии.

Противниците велат дека промените би можеле да поттикнат корупција и злоупотреба на моќта со отстранување на ефективниот надзор, а проблемот го подели израелското општество и предизвика загриженост за демократското здравје на Израел.

Околу 200 луѓе кои протестираа против реформите во судството се собраа пред фабриката на Тесла во Калифорнија, каде што се одржа настанот.

XS
SM
MD
LG