Ненси Пелоси, поранешната спикерка на Претставничкиот дом, денес објави дека ќе се кандидира за реизбор за нејзиното конгресно место за Сан Франциско.
„Сега повеќе од кога било на нашиот град му треба да ги унапредиме вредностите на Сан Франциско и да го продолжиме нашето закрепнување. На нашата земја ѝ треба Америка да му покаже на светот дека нашето знаме е сè уште таму, со слобода и правда за сите. Затоа се кандидирам за реизбор“, рече Пелоси во изјавата на платформата X, порано позната како Твитер.
Пелоси, демократка која двапати беше спикерка на Претставничкиот дом, е првата жена на позицијата што е втора по ред за претседателска функција доколку претседателот е неподобен.
По конгресните избори во 2022 година, Пелоси објави дека повеќе нема да бара лидерска позиција на Демократската партија во Претставничкиот дом, додека продолжува да служи како конгресменка.
Нејзините силни способности за прибирање финансиски средства во кампањата кои, исто така, се од корист за колегите демократи, се добро познати во политичките кругови во Вашингтон.