Линкови за пристапност

Пет лица осудени за убиството на Немцов


Опозицискиот лидер беше застрелан во близина на Кремљ во 2015-та година

Московски суд осуди пет лица за убиството на рускиот опозициски лидер, Борис Немцов.

Немцов беше противник на руската влада, и беше особено критички настроен кон руската поддршката за сепаратистите во Украина. Тој беше убиен во 2015-та година додека на мост во близина на Кремљ.

Официјалната руска новинска агенција ТАСС, соопшти дека поротата утврдила оти Заур Дадаев, поранешен офицер во чеченските безбедносни сили го застрелал Немцов. Четири други лица се прогласени за виновни заради вмешаност во убиството.

На петте лица, сите Чеченци, наводно им биле ветени пари за да го извршат атентатот. Соработниците на Немцов ја доведоа под прашање истрагата и сакаа да дознаат зошто властите не успеале да ја истражат улогата на чеченски претставници во финансирањето на убиството.

Поранешниот чеченски воен офицер, Руслан Мухудинов, во отсуство беше обвинет за организирање на убиството.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG