Линкови за пристапност

Нема договор за датум за одржување избори


Нема договор за датум за одржување избори
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:12 0:00

Нема договор за датум на одржување на парламентарните избори - партиските лидери на денешната средба усогласиле позиција конечна одлука да се носи во наредните денови врз основа на неколку услови – какви ќе бидат препораките на Комисијата за заразни болести, позицијата на ДИК за времето потребно за спроведување на предизборниот процес и потврда од ОБСЕ/ОДИХР дека ќе прати набљудувачи да ги следат изборите.

„Останува идната недела да имаме уште една средба за да се добијат потребните информации од надлежните институции и да се договориме за датумот на избори“ изјави Али Ахмети, претседател на ДУИ.

„Како што со консензус ги одложивме изборите, и со консензус ќе ги договориме. Во духот на таа консензуалност се н адевам дека ќе одредиме датум за избори. Имаме консензус дека здравјето на граѓаните е пред се и над се“ рече Зијадин Села, претседател на Алијанса за Албанците.

Најголемата опозициска партија инсистира на тоа дека без исполнување на трите услови, илузорно е да се зборува за избори. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ избегна да каже кој датум е за него најприфатлив.

„Тоа се трите константи, но првата е највжана – здравјето на граѓаните. Нема да лицитирам со дати, дали тоа ќе биде 14, 28, 5 или некој друг датум. Онаа дата кога овие работи ќе бидат сведени на медиуми, ВМРО-ДПМНЕ ќе оди на избори и ќе ги добие тие избори“ изјави Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Владејачката партија смета дека опозицијата сака да купи време – Заев е за брзи избори, но само ако такви бидат проценките на здравствените експерти.

„Констатиравме дека здравствените власти не можат да ни димензионираат датумза избори, туку да пропишат протоколи. Затоа, побаравме да се утврди барем потенцијален датум за избори за да видиме дали ДИК во рок може да ги заврши сите работи“ рече Зоран Заев, претседател на СДСМ.

Претходно во денот министерот за здравство најави олабавување на мерките - за мислењето на експертите за одржување избори во летните месеци Филипче не беше прецизен, но кажа дека пред земјата, од аспект на заразата, следи мирен период кој здравствените институции можат да го изменаџираат.

XS
SM
MD
LG