Линкови за пристапност

Нема ценовен шок за граѓаните, струјата со минимално поскапување


Во три од четирите потрошувачки блока, цената на струјата ќе поскапи од половина до два отсто, соопшти денеска претседателот на Регулаторната комисија Марко Бислимовски. Во просек струјата поскапува за 0,4 отсто за 88 проценти од домаќинствата во државата

СКОПЈЕ - Нема да има нов ценовен шток за граѓаните. Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) ги соопшти новите цени на струја кои ќе важат од понеделник, први јули, а кои се незначително повисоки од досегашните и се движат од 0.8 до 1,9 проценти во зависност од тарифниот блок. Незначително поскапување има и кај евтината тарифа. Во просек за 88 отсто од домаќинствата во државата кои со потрошувачката се во првиот и вториот блок струјата ќе поскапи за 0,4 отсто.

„По блокови, во првиот блок нема промена, Во вториот блок има зголемување од 0.85 проценти, во третиот блока има зголемување од 1,92 проценти во четвртиот блок има зголемување од 1,88 проценти а цената на киловат час евтина струја ќе се зголеми 0,65 проценти“, соопшти Марко Бислимовски претседател на регулаторната комисија за енергетика.

Марко Бислимовски, претседател на РКЕ
Марко Бислимовски, претседател на РКЕ

Бислимовски соопшти дека на универзалниот снабдувач „ЕВН Хоум“ му е дадена насока петнаесетте отсто од количините кои оваа година нема да ги покрие ЕСМ да ги набавува на слободен пазар на домашната берза и тоа во периоди кога цената на струјата е блиску до цената на ЕСМ дадена на тендерот и која изнесува 60 евра. Од регулаторната соопштија и дека на цената влијаеле и законските измени на владејачката ВМРО – ДПМНЕ кои беа изгласани во Собранието а со кои се применува на нова маржа од 9,9 проценти наместо досегашните 11,5 проценти.

„ Донесовме одлука, каде што реално нема никакви промени. Зголемувањето на цената за најголемиот дел од потрошувачите од домаќинствата е под 0,5 проценти, ни овозможи тоа што со „ЕВН Хоум“ му дадовме насока 15 проценти од количините кои што не се обезбедени да ги набавува на берзата на електрична енергија што функционира во Македонија, во периодот кога цената на електричната енергија е близу до цената што ЕСМ ја понуди на тендерот од 60 евра за мегават час и дополнително измените на Законот за енергетика што поминаа во вторникот во Собранието овозможија да се примени новата цена на маржата што сега е 9,9 проценти, а претходно беше 11,5 проценти“, појасни Бислимовски.

Новата цена на електричната енергија за домаќинствата и малите потрошувачи почнува да се пресметува од 1 јули. На тендерот што го распиша универзалниот снабдувач „ЕВН Хоме“ беше прифатена цената на АД ЕСМ од 60 евра за мегават часови и покривање на 85 проценти од потребите, додека за останатите 15 проценти беа пристигнати три понуди, но ниту една не беше прифатена поради високата цена и во текот на идниот месец ќе се распише нов тендер.

XS
SM
MD
LG