Линкови за пристапност

САД: Каде се преговорите на високо ниво?


За разлика од досегашните затварања на владата, овонеделното е обележано со изостанок на преговори на високо ниво со намера да се надмине спорот

Споредено со досегашните американски финансиски затварања на владата, во дводневното делумно затварање е забележливо отсуството на преговори на високо ниво во напор тоа да биде надминато, но ова може да завршува.

Имено, претседателот Барак Обама ги повика конгресните лидери на средба доцна попладне во среда за дискусија по застојот што остави 800.000 владини работници на принуден неплатен одмор, запирајќи многу владини служби и затварајќи 400 национални паркови и споменици.

Додека затварањето продолжува, некои аналитичари сугерираат дека сегашното несогласување за финансирањето на владата може да биде комбинирано со друго клучно финансиско прашање. Тоа е потребата да се крене лимитот за позајмување на државата што сега е 16,7 трилиони долари за да се спречи САД да се доведат во ситуација да не можат да ги платат своите финансиски обврски. Владини официјални лица велат дека границата за позајмување САД ќе ја постигнат на 17 октомври.
XS
SM
MD
LG