Линкови за пристапност

Негативната кампања не нoси повеќе гласови, сметаат аналитичари


Аналитичари со оценка за изборната кампања во Северна Македонија
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:51 0:00

Аналитичари со оценка за изборната кампања во Северна Македонија

„Очекувам кампањата да биде слична на претходните, со многу негативности. Црна кампања ќе доминира над позитивна кампања. Црната кампања која највеќе ја водат најголемите политички партии од двата блока, овој пат, ако се води масовно, ќе покаже зголемен интерес и гласање за помалите политички партии“, вели комуникологот Бојан Кордалов.

Тој смета дека ако се оди само со негативна кампања тоа ќе ги „спушти“ политичките противници, но нема да мотивира повеќе луѓе да гласаат.

Политичкиот аналитичар Алберт Муслиу очекува кампањата за претседателските да се разликува од онаа за парламентарните избори. Претседателската смета дека ќе биде покоректна, а наративот повоздржан.

„После 25- ти и фронтално ќе настапат партиите, чиј наратив нема да биде на ниво потребно за една држава-кандидат за член во ЕУ. Не го разбирам поривот на партиите и сметам дека негативната кампања не носи повеќе гласови. Таа можеби ја згуснува основата на подржувачите, но дека привлекува други гласачи... тоа ќе оди потешко, бидејки негативниот наратив може само да одбие луѓе, а не да привлече“, вели тој.

Кордалов додава дека е крајно време политичките партии и нивните кандидати да разберат дека единствен начин да допрат до гласачите, и со тоа да почне процесот на враќање на доверба во политиката е да даваат конкретни и остварливи ветувања, со рок за нивна реализација.

Бојан Кордалов смета дека гласачите „во изминатите 30 години изнаслушале сѐ и сешто“:

„Ветувања во милијарди, ветувања во спејс шатлови итн. Ништо од тоа нема да ги убеди граѓаните. Само добрата комбинација на реално ветување со тим кој има позадина и основа да го реализира тоа и со конкретно работење на нештата може да се променат работите“.

Според Муслиу, партиите сѐ повеќе се занимаваат со своите политички противници, отколку со самите себе, односно со промоција на нивната политичка кампања и нивните програмски цели.

Сепак, тој очекува дека во претседателската кампања, кандидатите ќе излезат со своја визија за тоа што би направиле како претседател на државата.

XS
SM
MD
LG