Линкови за пристапност

Ромни ќе зборува пред најстарата група за граѓански права во САД


Националната асоцијација за напредок на обоените луѓе е важна за добивање на поддршка од aфриканските Американци во земјата.

Мит Ромни, претпоставениот претседателски кандидат од Републиканската партија, ќе се обрати пред Националната асосцијација за напредок на обоените луѓе во среда, на нивната годишна конвенција во Хјустон, Тексас.

Говорот на Ромни пред најстарата група за граѓански права во земјата има за цел да привлече поддршка од гласачите со африканско-американско потекло кои, според анкетите, во големо мнозинство го поддржуваат актуелниот претседател Барак Обама, првиот црн американски претседател. Набљудувачите велат дека е важно за Ромни да посегне по африканско-американската заедница, што е сржта на демократскиот гласачки блок.

Едно од прашањата во фокусот на годишната конвенција се гласачките права на малцинствата. Групата вели дека новите закони во многу сојузни држави кои бараат граѓаните да имаат документ за фото-индетификација со цел да гласаат ги обесправуваат црнците и Хиспанците.

Ромни ќе го употреби говорот да ја нагласи стапката од 14,4 проценти невработени меѓу Африканските Американци, што е далеку поголема од националниот просек од 8,2 проценти.

Претседателот Обама се обрати пред групата за време на неговата кампања за Белата куќа во 2008 и оваа година нема да се појави. Потпретседателот Џо Бајден ќе зборува на конвенцијата во четврток.
Ромни ќе зборува пред најстарата група за граѓански права во САД
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:26 0:00
XS
SM
MD
LG