Сан Атонио го декласираше Мемфис со четири едноподруго победи во серијата напревари „најдобар од седум“ и сега го чека подобриот од дуелот Мајами хит - Индијана пејсерс. Резултатот во таа серија е 2:1 за актуелниот шампион Мајами, а следниот натпревар се игра вечерва во Индијана.
Сан Антонио е во финалето за првпат од 2007-ма, кога ја освои шампионската титула против Кливленд кавалирс со вкупен резултат од 4:0. Леброн Џејмс тогаш играше за Кливленд.