Линкови за пристапност

НБА: Индијана израмни на 2:2


НБА: Индијана израмни на 2:2
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:20 0:00

НБА: Индијана израмни на 2:2

Следниот дуел против шампионот Мајами e во четврток.

Шампионот изненаден: Леброн Џејмс мораше предвреме да го напушти натпреварот поради шест лични грешки
Шампионот изненаден: Леброн Џејмс мораше предвреме да го напушти натпреварот поради шест лични грешки
Индијана ја искористи предноста од домашен терен - со помош на громогласната публика го совлада Мајами со 99:92 и изедначи на 2:2 во серијата најдобар од седум во финалето на источната конференција на НБА.

Кај гостите најдобри беа Марио Чалмерс и Двејн Вејд со 20, односно 16 поени. Ѕвездата Леброн Џејмс постигна 24, но го заврши натпреварот пред време поради шест лични грешки.

Под обата коша доминираше центарот на домаќините, Рој Хиберт со 23 поени и 12 скока. Ленс Стивенсон постигна 20 коша, од кои седум во последната четвртина.

Следниот меч се игра во Мајами во четврток.

Победникот ќе се сретне во големото финале со Сан Антонио.
XS
SM
MD
LG