Линкови за пристапност

Започнува нова кошаркарска сезона


Започнува нова кошаркарска сезона
Започнува нова кошаркарска сезона

Лос Анџелес Лејкерс се стремат кон трета последователна шампионска титула. Тие беа последниот тим што успеал во тоа во 2002. Но тие се соочени со тешка задача со новоекипираниот Мајами Хит.

Мајами беше победник во оф-сезоната, потпишувајќи договор со двократниот Највреден играч во лигата ЛеБрон Џејмс од Кливленд Кавалирс и повеќегодишната ол-стар ѕвезда Крис Бош од Торонто Рапторс. Здружувајќи ги силите со ѕвездата-ветеран на Мајами Двејн Вејд, триото на Хит сега е познато како „Големата тројка“.

Најсилниот предизвикувач на Мајами во Источната конференција на НБА ќе биде Бостон Селтикс, победникот од Исток минатата сезона, и Орландо Меџик, што ја доби конференцијата претходната година.

Бостон ја задржа својата „Голема тројка“ со ветераните Реј Ален, Пол Пирс и Кевин Гарнет, сите над 32 години возраст. Селтикс го додадоа 38-годишниот Шакил О`Нил кој порано доби титули на НБА со Лејкерс и Хит.

Лејкерс, предводени од суперѕвездата Коби Брајант, се фаворити за преземање на Западната конференција четврта сезона по ред.

Најсилната конкуренција во Западната конференција се очекува да дојде од Оклахома сити Тандер. Тандер се предводени од ѕвездата во подем Кевин Дурант, кој го предводеше американскиот национален кошаркарски тим на Светското првенство минатиот месец во Турција. Далас Маверикс, Сан Антонио Спурс, Портланд Треил блејзерс и Јута Џез исто така се очекува да бидат конкурентни.

XS
SM
MD
LG