Линкови за пристапност

Најмалку осум лица се удавија во чамец со мигранти во Србија


Српски полицајци го претресуваат брегот на реката Дрина
Српски полицајци го претресуваат брегот на реката Дрина

БЕЛГРАД, Србија (АП) - Најмалку осум лица се удавија откако чамец со мигранти се превртел додека ја преминувал реката Дрина од Србија кон Босна, соопштија денес властите во двете балкански земји.

Српската полиција добила повик околу 5 часот од нивните колеги во Босна и граѓанин кој ја пријавил несреќата, изјави министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ.

Дачиќ рече дека 18 мигранти, меѓу кои три деца, успеале да преминат во Босна, од вкупно 25 лица кои биле во чамецот кога се превртел.

„Полицијата и спасувачите продолжуваат со понатамошна потрага на реката Дрина и околниот терен“, се вели во соопштението на Дачиќ.

Дачиќ рече дека од 18 мигранти кои стигнале до брегот, 16 се од Сирија, а двајца од Египет. Меѓу нив има 10 малолетни лица.

Српски полицајци го претресуваат брегот на реката Дрина
Српски полицајци го претресуваат брегот на реката Дрина

Босанскиот службеник за вонредни состојби Борис Трниниќ претходно изјави дека во чамецот имало околу 30 луѓе, од кои 15 стигнале на безбедно.

Мигрантите кои ја користат таканаречената балканска копнена рута во нивните напори да стигнат до Западна Европа, доаѓаат во Србија од Бугарија или Северна Македонија пред да заминат кон Унгарија, Хрватска или Босна.

За да стигнат до богатите европски земји, луѓето кои бегаат од војни и сиромаштија честопати се обраќаат до шверцерите на луѓе за да ги однесат преку границите без одобрение.

XS
SM
MD
LG