Полицијата во Финска соопшти дека најмалку 24 лица - повеќето од нив ученици - биле повредени кога привремениот мост се срушил во четвртокот во приградскиот дел на Хелсинки.
Полицијата во градот Еспо изјави дека мостот се срушил околу 9:30 часот по полноќ по локално време во областа Тапиола во градот.
Во соопштението од градот Еспото се вели дека учениците од основното училиште Каласатман во Хелсинки биле на мостот во моментот на рушењето и паднале на неколку метри на земја. Во соопштението се вели дека повредените биле однесени во три локални болници на лекување.
Во објавените извештаи се вели дека повеќето од повредите биле скршени екстремитети и ниту еден од нив не бил опасен по живот.
Весникот Хелсингин Саномат, повикувајќи се на службите за прва помош објави дека околу 45 луѓе биле на мостот во моментот на рушењето. Мостот, наводно, бил еден од двата што биле изградени за да се премине во близина на градилиштето.
Во соопштението, градот ја презеде одговорноста за несреќата. Во него се вели дека мостот бил контролиран минатиот петок. Градот, заедно со полицијата, рече дека е во тек истрагата за причината за рушењето на мостот.
Некои информации се од Асошиејтед Прес, Ројтерс и Агенцијата Франс Прес.