Американската морнарица очекува зголемување на средствата, по најавата на буџетот за 2018-та година од администрацијата на претседателот Доналд Трамп. Шест години претходно, Американската морнарица се соочуваше со кратење на буџетските пари.
Но, во Вашингтон, официјални лица од Морнарицата објавија статистика, која открива намалување на моќта.
За време на неодамнешното позиционирање на носачот на авион Џорџ Х.В. Буш (CVN-77), Гласот на Америка виде како целосно способна морнаричка сила, залута додека целеше кон Исламската држава на Блискиот Исток.
Адмиралот Кенет Вајтсел, за Гласот на Америка даде неколку примери за состојбата на носачот на авион, објаснувајќи како екипажот обезбедил многу гориво, дополнително оружје и други средства за поправка на делови.
Но, има и друга страна на приказната, за која официјалните морнарички лица не сакаат да зборуваат често.
Пред да биде позициониран, Буш остана на бродоградилиште половина година повеќе од очекуваното, поради потреба од поправки.
„Потрошивме малку повеќе време на бродоградилиште, отколку што сакавме“, изјави за Гласот на Америка капетанот Вил Пенингтон.
Решенија за купување
Морнарицата сака милијарди долари дополнителна помош за негово одржување, како и за купување ново оружје и опрема.
„Мислам дека на повидок е можно суштинско зголемување на средствата“, изјави финансискиот директор во Пентагон Мајк Мекорд, за Гласот на Америка.
Во буџетот на администрацијата на Трамп, објавен оваа недела, се очекува зголемување на средствата за одбраната на 54 милијарда долари, од кои голем дел ќе бидат насочени кон Морнарицата.
„Ќе и дадеме на нашата војска опрема што и е потребна да спречи војна, и ако е потребно, да влезе во војна и да направи само една работа, а тоа е да победи“, рече Трамп.
Потребни повеќе пари за во иднина
Мекорд се согласува дека зголемување на буџетот е добра идеја, но, оти нема да ја подобри морнаричката подготвеност без долгорочно финансирање.
„Ако немате соодветно финансирање, и ако имате повеќе бродови и екипаж, со ист буџет или со негово мало покачување, тогаш нема да има вистинско подобрување“, смета Мекорд.
Тој повика Конгресот да го одобри буџетот за одбраната во брзо време, со цел надлежните да можат да направат план за идните можности.