Експертите за политиката за нуклеарна безбедност и ширење на оружјето биле контактирани од осомничени севернокорејски хакери кои се претставувале како новинари на Гласот на Америка, според разузнавачката група за закани, која вели дека ова е дел од неодамнешниот модел на имитирање на новинари од големите новински организации.
Онлајн шпиони се обидувале да соберат разузнавачки информации за ставот на меѓународните претставници кон владата на Ким Џонг Ун во Пјонгјанг, се вели во извештајот издаден од „Мандиант“, американска компанија за сајбербезбедност и подружница на Гугл.
Ова е последниот познат обид во последниве месеци на сајбершпионската група позната како APT43, позната и како „Кимсуки“ или „Талиум“, претставувајќи се како новинари и насочени кон владини организации во САД и Јужна Кореја, како и академици и тинк-тенк аналитичари.
Најмалку седум новинари од пет новински организации биле имитирани од некој со APT43, изјави во средата Гласот на Америка, аналитичарoт на „Мандиант“ Гери Фреас.
„Видовме успех во собирањето чувствителни информации поврзани со работите на Корејскиот Полуостров“, како што трагетираните поединци одговаориле на прашања за западните чувства за севернокорејската активност, вклучително и за ширењето на нуклеарното оружје и лансирањето на проектили“, рече Фреас.
Во имејл од 14 октомври 2022 година, обезбеден од „Мандиант“, испраќачот, претставувајќи се како новинар на Гласот на Америка, поставил неколку прашања поврзани со програмите за тестирање на ракетно и нуклеарно оружје на Северна Кореја, вклучувајќи: „Дали Јапонија би го зголемила буџетот за одбрана и попроактивна одбрана политика?“
„Гласот на Америка е свесена дека злонамерните актери се обидоа да ги имитираат нашите новинари во обид да добијат информации од трети страни, вклучително и за прашањата за ширење на нуклеарното оружје“, рече Најџел Гибс, портпарол на Гласот на Америка.
„Тоа е нешто за што сме свесни и внимаваме дополнително да го потврдиме нашиот идентитет и да ги едуцираме изворите за потенцијалните имитатори“, изјави тој.
„Мандиант“ рече дека во последниве месеци била во контакт со Агенцијата за глобални медиуми на САД за осомничената севернокорејска операција на имитирање на новинарите на Гласот на Америка.
„Довербата меѓу нашите новинари и нивните извори е императив“, рече директорката за односи со јавноста на Агенцијата за глобални медиуми на САД Лори Мој.
„Агенцијата за глобални медиуми на САД прави огромни напори за да ги заштити безбедноста и интегритетот на комуникациските алатки на нашата мрежа на новинари. Ние користиме голем број услуги за идентификација на имитации и лажни профили на социјалните медиуми и обезбедување дека сликите од јавноста се проверени и поврзани со ресурсите на агенцијата“.
Мој рече и дека „ние, исто така, обезбедуваме силна безбедност на компјутерскиот системот за поддршка на безбедносните грижи за нашите новинари. Агенцијата за глобални медиуми на САД обезбедува шифрирана опрема, обезбедува повеќефакторска автентикација за пристап до системите и рутински ги следи ранливостите и надворешните закани“.
Лажни имејлови за кои се тврди дека се од новинари на Корејската редакција на Гласот на Америка, често се испраќаат до академици, официјални лица и други. Во некои случаи, примателите на тие имејлови ја контактирале Гласот на Америка во Сеул и биле информирани дека прашањата не се автентични.
На почетокот на овој месец, „Мандиант“, исто така, откри дека истата хакерска група дистрибуирала прилог на имејл што се чини дека е од регрутер за Њујорк тајмс.
Имаше слична активност поврзана со Пјонгјанг во последниве години, вклучително и измама насочена кон новинари во Јужна Кореја во која испраќачот се претставуваше како сценарист за Корејскиот радиодифузен систем барајќи информации за Северна Кореја.
Портпаролот на Стејт департментот Ведант Пател вчера рече дека иако не може да се осврне на конкретните настани кои вклучуваат имитирање на вработени на Њујорк тајмс и Гласот на Америка.
„Се разбира, Северна Кореја е позната по преземањето голем број на дестабилизирачки и малигни чекори. Ова е нешто на што внимаваме“, рече тој.