Линкови за пристапност

Руски опозиционен лидер осуден на пет години затвор


Алексеј Навални вели дека пресудата е политички мотивирана, заради обелоденувањето на корупција во владата.

Руски суд во четврток го прогласи опозициониот лидер Алексеј Навални виновен за проневера и го осуди на пет години затвор.

Навални е обвинет за проневера на 500.000 долари вреден градежен материјал од компанија во државна сопственост додека работел како советник на провинциски гувернер во 2009.

Опозициониот лидер, кој обелодени наводна корупција на владата, кажа дека обвиненијата се политички мотивирани дека се со цел да го замолчат.

Навални неодамна се пријави за кандидат во трката за градоначалник на Москва, што ќе се одржи во септември.

Според рускиот закон, тој не може да се кандидира за градоначалник или која било друга јавна функција во иднина заради осудителната пресуда.
XS
SM
MD
LG