ВАШИНГТОН —
Здравјето на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални се подобрува, и веќе не се наоѓа во состојба на вештачка кома, соопшти германската болница во која тој се лекува.
Болницата изјави дека состојбата на 44-годишниот руски критичар е подобрена, дозволувајќи им на лекарите постепено да го тргнат од механичка вентилација.
Во соопштението од болницата се вели дека се` уште не можат да се исклучат можни долгорочни последици од сериозното труење на Навални.
Facebook Forum