Линкови за пристапност

Хоспитализиран рускиот опозициски лидер Алексеј Навални


Навални изјавил на социјалните мрежи за наводна епидемија на туберкулоза во затворот и се пожалил на кашлица и висока температура

Рускиот опозициски лидер кој се наоѓа во затвор, Алексеј Навални, е преместен во затворска болница и е тестиран на коронавирус, објавија руските медиуми. До негова хоспитализација дошло во понеделникот, само неколку часа откако тој изјавил на социјалните мрежи за наводна епидемија на туберкулоза во затворот и се пожалил на кашлица и висока температура.

Загриженоста околу здравјето на Навални се врати во центарот на вниманието откако минатата недела објави дека започнува штрајк со глад, со цел да добие пристап до итна медицинска помош.

„Имам право да побарам лекар и пристап до лекови. Сепак, немам пристап ниту кон едно“, напиша Навални во пораката објавена на неговиот профил на Инстаграм, во кој најавува штрајк со глад.

44-годишниот Навални сподели и своерачно писмо што го испратил до затворската управа во кое ја опишува акутната болка во грбот, која се проширила на неговите нозе.

Навални рече дека неговата здравствена состојба е поврзана со нападот на труење во август 2020-та година со хемискиот нервен агенс кој за малку ќе му го одземеше животот, и дека тој и западните влади ја обвинуваат руската влада.

Кремљ негираше каква било вмешаност, но исто така одби да го испита инцидентот - останувајќи на тоа дека нема дефинитивен доказ дека Навални бил отруен.

Руската влада, исто така, распоредила државни медиуми во затворот каде се наоѓа Навални, за да снимаат извештај што ги прикажува условите кој според нив се близу идеални, додека Навални бара специјален третман со лажирање на неговите симптоми.

Марија Бутина, руска државјанка, која беше осудена на 18 месеци затвор во САД во 2019-та година, откако призна дека работела како непријавен руски странски агент.

„Верувајте ми, затворот во САД е многу полош“, рече Бутина во извештајот емитуван на каналот „Русија 24“.

Локалните затворски власти инсистираат дека Навални ги примил сите потребни третмани.

Агнес Каламард, генералната секретарка на групата за човекови права Амнести Интернешнл, за Ројтерс денес изјави дека руските власти „наметнуваат затворски услови што преставуваат тортура“.

Вчера, десетици приврзаници пред затворот протестираа со барање Навални да добие пристап до соодветна грижа. Групата беше пречекана со полициски барикади, додека неколку демонстранти беа приведени, вклучително и главната лекарка на Навални, Анастасија Васиљева од Алијансата на лекари.

Васиљева им се придружи на повеќе од илјада руски здравствени работници во издавањето жалба преку интернет во врска со состојбата на Навални.

Навални беше осуден во февруари на нешто повеќе од две и пол години затвор за кршење на обврските за помилување кои датираат од пресуда за измама од 2014-та година, за која тој тврди дека е политички мотивирана да го дисквалификува од учество во рускиот политички живот.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG