ВАШИНГТОН —
Најмалку четири лица се мртви, вклучувајќи го и напаѓачот, при пукање во воздухополовната база во Пенсакола, Флорида, пренесе Асошиетед прес.
Според информациите, напаѓачот пукал во зградата за обуки на водухополвната станица на морнарицата. Вкупно биле погодени 11 лица, меѓу кои двајца полициски офицери, од кои едниот бил убиен.
Надлежните се` уште официјално не кажуваат дали напаѓачот и` припаѓал на војската, одбивајќи да шпекулираат и дали настанот е поврзан со тероризам. Базата засега останува затворена.
Facebook Forum