Организацијата за безбедност и соработка во Европа вели дека украинската армија и про-руски сепаратистички сили во регионот Луханск „во принцип“ се согласиле на ново примирје што ќе влезе во сила на 5-ти декември.
ОБСЕ во понеделник кажа дека примирјето ќе донесе и повлекување на тешкото оружје од областа започнувајќи на 6-ти декември.
Двете страни потпишаа договор на 5-ти септември со посредство на Русија, во белорускиот главен град Минск, но речиси секој ден примирјето беше прекршувано.
Ситуацијата во Украина е голем фокус на министрите на НАТО кои се среќаваат во Брисел.
Во понеделникот, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, кажа дека имало значително трупање на руска армија во и околу Украина, заедно со „големи трансфери на софистицирано руско оружје, опрема и воен персонал до насилничките сепаратисти“.