Лидерите на НАТО го отворија самитот во Британија, соочени со напредувањето на Исламската армија на Блискиот исток и руската воена интервенција во Украина.
Лидерите на 28 држави во американско-европската алијанса се сретнаа во четврток во одмаралиште во Велс, со дискусии чија цел е борба против исламистичките милитанти во Ирак и во Сирија и запирање на борбите во источна Украина меѓу киевските сили и про-уските сепаратисти.
Украинскиот претседател Петро Порошенко се сретна со американскиот претседател Барак Обама, со британскиот премиер Дејвид Камерон и други клучни лидери пред самитот, додека Киев и бунтовниците се придвижиле кон можно примирје во петок.
Генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен кажа дека алијансата ќе преземе важни чекори за спротивставување на Исласката држава и московската интервенција во Украина, но не е јасно какви мерки НАТО може да усвои.