Линкови за пристапност

Шефот на НАТО скептичен за планот за примирје во Украина


Додека светските лидери се собираат во Велс за самитот на НАТО, генералниот секретар Андерс Фог Расмусен кажа дека е важно само тоа што се случува на теренот

Генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен изрази скептицизам за планот за примирје во Украина што го предложи рускиот претседател Владимир Путин, додека светските лидери се собираат во Велс за почеток на критичниот самит на НАТО.

Расмусен во четврток кажа дека НАТО ги поддржува сите напори за наоѓање на мирољубиво решение за кризата во Украина. Но тој кажа дека тоа што е важно е она што се случува на теренот, забележувајќи дека Русија се` уште ја „напаѓа“ Украина.

На дводневниот самит на НАТО во близина на градот Њупорт во Велс се очекува да се дискутира за формирање на армиска сила за брза реакција способна за распоредување кусо време по наредбата, во проблематични точки во источна Украина.

Русија, која силно се спротивставува на секое присуство на НАТО во близина на нејзините граници, ја осуди идејата за единица за брза реакција. Порано неделава Русија кажа дека ќе ја ревидира својата воена стратегија во источна Европа доколку НАТО ја прифати креацијата на овие сили.

НАТО проценува дека најмалку 1.000 руски трупи се во Украина. Москва негира секакво воено присуство на украинска територија.

XS
SM
MD
LG