Линкови за пристапност

НАТО нема да интервенира во Сирија


Расмусен рече дека НАТО нема да ги игнорира ризиците од регионално проширување со можни импликации за безбедноста на сојузниците.

Генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен вели дека алијансата нема да интервенира во конфликтот во Сирија и покрај заканата што насилството ја претставува за безбедноста на југоисточната граница на НАТО.

Расмусен рече дека НАТО нема да ги игнорира ризиците од регионално проширување со можни импликации за безбедноста на сојузниците.

Тој ова го кажа на собирот на министрите за надворешни работи на НАТО во вторник во Брисел. Порано годинава алијансата распореди против-ракетни батерии Патриот по должина на турската граница со Сирија, откако артилериски оган погоди неколку села.

Кусо време по почетокот на средбата, НАТО ја осуди севернокорејската нуклеарна програма и заканувачката реторика. Алијансата кажа дека акциите на Пјонгјанг ги прекршуваат резолуциите на Советот за безбедност на ОН и ја нарушуваат регионалната стабилност.

Вторничките разговори исто така се фокусираат на повлекување на сојузничките сили од Авганистан во 2014. Алијансата ќе работи да утврдување на формата на поддршка на авганистанските сили по повлекувањето.
XS
SM
MD
LG