Линкови за пристапност

Шефот на НАТО предупредува против скратувања во одбраната


Највисокиот претставник на НАТО покренува загриженост за начинот на кој некои членки одговараат на тешки економски времиња, велејќи дека тие може да ја компромитираат нивната безбедност.

Генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен предупреди дека скратувањата во одбраната е прашање за загриженост.

„Апелирам до владите, прво, задржете го нивото, прекинете ги кратењата. Второ, направете поефикасна употреба на ресурсите што ги имате, преку поголема мултинационална соработка. И трето, кога економиите ќе се опорават, започнете повторно со инвестиции во одбраната“.

Расмусен зборуваше во Брисел во четврток пред средбата на министрите за одбрана на НАТО.

Армијата на САДсе соочува со серија длабоки, автоматски буџетски кратења, вкупно 66 милијарди во текот на нардните седум месеци, доколку претседателот Барак Обама и законодавците не дојдат до договор до 1 март.

Секретарот за одбрана на САД на заминување, Леон Панета, предупреди на „сериозни пореметувања“ и „нагло намалување“ во армиската подготвеност доколку кратењата влезат во сила.

Панета присуствува на дводневната средба во Брисел откако Сенатот го одложи потврдувањето на неговиот веројатен наследник Чак Хегел.

Средбата на НАТО исто така се очекува да се фокусира на американското повлекување од Авганистан и на улогата што НАТО ќе ја има во иднина.

Шефот на НАТО Расмусен вели дека од средбата не очекува конечни одлуки.
XS
SM
MD
LG