Линкови за пристапност

Тензиите меѓу САД и Франција не треба да се гледаат како ослабнување на НАТО, порача Столтенберг


Генералниот секретар на НАТО рече дека тензиите не ја менуваат големата слика, и оти што и да се случи државите се побезбедни ако се заедно

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг сигнализира дека би било грешка ако повлекувањето на силите од Авганистан и тензиите меѓу САД и Франција се гледаат како ослабнување на трансатлантската алијанса.

„Се поставуваат прашања за цврстината на врската меѓу Европа и Северна Америка“, рече Столтенберг при говор на Универзитетот Џорџтаун во Вашингтон, по серија средби со високи официјални лица на САД.

„Тие не ја менуваат големата слика. Не знаеме која би била следна криза, но, знаеме дека што и да се случи, побезбедни сме ако сме заедно“, рече тој.

Столтенберг нагласи дека обвинувањата против претседателот на САД Џо Бајден оти не се консултирал за повлекувањето од Авганистан биле погрешни.

Тој, исто така, предупреди дека односите меѓу НАТО и Москва се на најниско ниво од крајот на Студената војна.

Белата куќа преку соопштение во понеделникот рече дека при средбата на Столтенберг со претседателоот Џо Бајденн било разговарано за „меѓународната безбедност и тековните напори на НАТО да ја заштити трансатлантската одбрана“.

Во соопштението се вели дека „Бајден ја повторил заложбата за силна поддршка на НАТО и важноста од зацврстување на одбраната против стратешките конкуренти и транснационални закани“.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG