Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг рече дека односите меѓу Алијансата и Русија се на најниско ниво од крајот на Студената војна.
Столтенерг го кажа ова на дводневниот состанок со министрите за одбрана во Брисел.
Тензиите меѓу Русија и НАТО се зголемија изминативе недели, а во понедленикот Русија најави дека ја суспендира нејзината постојана мисија во НАТО како реакција на протерувањето на осум руски дипломати од Мисијата на почетокот на овој месец.
НАТО ги обвини Русите за шпионажа, нешто што Кремљ го отфрли.
Столтенбгер во изјава за новинарите кажа дека жали оти Русија одлучила да ја затвори канцеларијата на Алијансата во Москва, најгласувајќи дека се` уште имаат канали на комуникација, иако сега биле многу потешки.
Сепак, тој рече дека двете страни продолжуваат да разговараат и оти НАТО ќе продолжи да работи кон конструктивен дијалог со Русија.
Министрите за одбрана се очекува да се согласат на нов план за одбрана од потенцијален руски напад на повеќе фронтови.
Фокус на министрите за одбрана, исто така, се и Авганистан и преземање на државата од талибанците.
Дел од информациите се преземени од Асошиетед прес, Ројтерс и Франс-прес
Facebook Forum