Линкови за пристапност

Столтенберг: Русија мора да ја повлече војската од Украина


Генералниот секретар на НАТО денес отпатува во Киев, на покана на украинските власти

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг денес се сретна со украинскиот претседател Петро Порошенко во Киев, Украина.

Тој денес отпатува во Киев, на покана на украинските власти.

На заедничката прес конференција, Порошенко изјави дека Украина во моментот не ги исполнува критериумите за членство во НАТО, но, оти има тригодишен план до 2020-та година, како и дека знае што треба да се направи.

Тој рече дека нивната цел број еден е спречување на руската агресија.

„Нашата итна задача е заштита и обновување на системот за евроатлантска безбедност, основите кои беа потценети од Руската федерација, преку нелегална и нелигитимна анексија на Крим, и агресија и воена инвазија на Руската федерација во Доњецк“, рече Порошенко

Столтенберг се согласи дека руската инвазија во Источна Украина останува главно прашање, нагласувајќи ја поддршката на НАТО.

„Борбите убија преку 10.000 луѓе, вклучувајќи речиси 3.000 цивили. Јасно е дека не се почитува прекинот на огнот, и загрижени сме за зголемените закани кон набљудувачите на ОБСЕ. Русија мора да ги повлече нејзините илјадници војници од Украина, и да престане да ги подржува милитантите, кои ја контролираат воената опрема“, рече Столтенберг, додавајќи дека НАТО остануваат цврсто во нивната поддршка кон територијалниот интегритет и суверенитет на Украина.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG