Линкови за пристапност

Столтенберг: Глобалните акции на НАТО се одбрамбени и пропорционални


Во говорот на парламентарното собрание на НАТО во Истанбул, Генералниот секретар на Алијансата се осврна на односите со Русија, неуспешниот државен удар во Турција и претседателските избори во САД.

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг вели дека активностите на Алијансата изминативе години биле, „одбрамбени и пропорционални“, согласно меѓународните определби.

Во говорот на парламентарното собрание на НАТО во Истанбул, Столтенберг се осврна на односите со Русија, неуспешниот државен удар во Турција и претседателските избори во САД.

Во однос на Русија, Столтенберг истакна дека Алијансата има паралелен пристап на „силна одбрана пропратена со сериозен дијалог“.

„Пред руската агресија во Украина, НАТО немаше планови да испрати војници во источниот дел на нашата алијанса. Целта на НАТО е спречи конфликт, а не да провоцира конфликт. Дополнително, имаме цврста определба за паралелен пристап кон Русија – силна одбрана, пропратена со сериозен дијалог“.

Првиот човек на Алијансата кажа и дека со нетрпение чека да соработува со идната администрација на САД предводена од новоизбраниот претседател Доналд Трамп.

„И` посакувам добредојде на новата администрација во Вашингтон и со нетрпение чекам да работам со новоизбраниот претседател Доналд Трамп. Партнерството меѓу Европа и САД е на цврста основа речиси 70 години. Парнерство коешто секогаш имало двопартиска поддршка во САД, а подоброто споделување на товарот, ќе ја направи транс-атлантската врска уште посилна“.

Опишувајќи го обидот за воен удар во Турција во јули, Столтенберг истакна дека тоа е „трезвен потсетник“ дека демократијата и слободата не можат да се земат здраво за готово и мора „енергично да бидат одбранети“.

На состанокот се обрати и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, кој кажа дека на Анкара и` е потребна светска поддршка во борбата против тероризмот, но ги обвини ЕУ и САД дека се неодлучни кога ставува збор за таквите организации.

Ердоган додаде дека ако Турција не биде своевидна бафер-зона меѓу терористичките организации и остатокот од светот, „терористите светот ќе го втурнат во пламен“. Тој ги повика САД и другите земји повторно да го разгледаат предлогот на неговата земја за креирање на зона на слободни летови во северна Сирија.

XS
SM
MD
LG