Линкови за пристапност

НАТО ја засилува воздушната одбрана на Турција


На одлуката на НАТО најверојатно ќе се гледа како на дипломатска победа на Анкара.

НАТО вели дека ја засилува турската воздушна одбрана во светлина на соборување на рускиот авион од турски авиони. Соопштението дојде во време кога Русија и Турција го зголемија военото присуство на турско-сириската граница, поттикнувајќи стравување за нова конфронтација.

На одлуката на НАТО најверојатно ќе се гледа како на дипломатска победа на Анкара. Откако турски авиони соборија руски бомбардер којшто наводно го нарушил воздушниот простор на сириско-турската граница, Анкара од своите партнери во НАТО побара поддршка.

Одлуката коинцидира со засилувањето на армиското присуство на Москва во Сирија, за што стручњакот за политички науки од Универзитетот „Сулејман Сах“, Ченгиз Актар од Истамбул, вели дека претставува сериозна закана за турските сили.

Русија веќе размести С400 проектили во Сирија, чиј домет достигнува во турскиот воздушен простор. Аналитичарите велат дека НАТО се очекува да испрат бродови во источен Медитеран, заедно со повеќе воени авиони во турската воздушна база Инџирлик, блиску до границата со Сирија.

Синан Улген од Инститот Карнеги во Брисел вели дека поддршката од НАТА најверојатно ќе ја засили позицијата на Анкара спрема Москва.

XS
SM
MD
LG