За време на заедничката прес-конференција во Белата куќа, Трамп истакна дека сојузниците во Алијансата треба подеднакво да ги споделат трошоците за одбрана, теза на која Столтенберг се согласи.
Пред средбата, виш претставник на Белата куќа кажа дека Трамп е „100 проценти определен на НАТО“.
Ова доаѓа откако во јануари годинава, претседателот на САД Алијансата ја нарече „застарена“, заради неможноста да спречи неколку терористички напади и заради тоа што била формирана „многу, многу одамна“.
Сите членки на НАТО се согласиле, до 2024-та, да потрошат два процента од нивниот бруто домашен производ за сопствената одбрана, но само неколку од нив во моментов ја остваруваат таа цел.
САД трошат околу три проценти од својот бруто домашен производ на одбрана, додека Германија околу 1,2 процента.
Државниот секретар Рекс Тилерсон во Москва се сретна со неговиот руски колега Сергеј Лавров, а потоа и со претседателот Владимир Путин. По разговорите, шефот на американската дипломатија кажа дека на рускиот лидер му порачал дека американско-руските односи се "на ниско ниво".
Претседателот Трамп за време на прес-конференцијата ја зајакна оваа оценка, велејќи дека, "можно е да сме на досега најниско ниво, што се однесува до односите со Русија".
Трамп неделава даде и официјално зелено светло за влез на Црна Гора во НАТО. Приемот на оваа земја во Алијансата, чекор што минатиот месец беше поддршан и од Сенатот, ќе стави јасно на знаење дека ниту една трета земја, во случајов Русија, нема да има право на вето кога станува збор за членство на одредена држава во Алијансата. Ова го кажа американски претставник кој побара да остане анонимен.
Русија членството на Црна Гора во НАТО го опиша како "провокација". Истиот извор додаде дека иако не се антиципира оти некоја друга земја ќе и' се приклучи на Алијансата во блиска иднина, вратата останува отворена.
Facebook Forum