Линкови за пристапност

Самата посета на Столтенберг е порака


Самата посета на Столтенберг е порака
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:00 0:00

Самата посета на Столтенберг е порака

Генералниот секретар на НАТО доаѓа во Македонија по четиригодишна пауза, среде интензивираните преговори за името

Не случајно токму сега, шефот на НАТО доаѓа во посета на Македонија – коментираат дипломати за Гласот на Америка.

Присуството на Јенс Столтенберг во Скопје нашите соговорници го гледаат низ призма на 3 пораки што се очекуваат тој да ги испорача: Првата – да повтори дека е јасна НАТО-перспективата на земјата, втората – да го охрабри реформскиот, но и процесот за името, што добива на интезитет, третата – да стави до знаење дека Алијансата внимателно го следи однесувањето на Русија во регионот, вклучително и во Македонија.

Дека присуството на Генералниот секретар не е од протоколарен, туку од суштински карактер, зборува и тоа дека е предвидено во два дена Столтенберг да се сретне со целиот државно-владин врв, но и со лидерите на клучните политички партии, вклучувајќи ја и опозициската ВМРО-ДПМНЕ. „Тежината на посетата е уште поголема имајќи гопредвид неговото обраќање во Парламентот“, велат нашите извори.

Дури и ВМРО-ДПМНЕ најави дека ќе го прекрши бојкотот на работата на Собранието и утре ќе присуствува на настапот на Столтенберг пред пратениците.

Посетата на Генерален секретар на Алијансата на земјава, прва по речиси 4-годишна пауза, доаѓа на стартот на 2018-тата која целокупната меѓународната заедница – ЕУ, НАТО, Вашингтон, Берлин, Лондон ја смета за клучна за иднината на Македонија, дали ќе успее да го фати приклучокот кон Брисел, по долгиот период застој и назадување како во реформите, така и во степенот на демократските процеси.

Столтенберг, кој доаѓа во Скопје во екот на разговорите за името, го пречекува и негативна атмосфера кај дел од домашната јавност. „Македонски манифест“ во отворено писмо му порача дека „не го сака НАТО“. „Ние од Македонски Манифест, како и целиот чесен македонски народ, ја знаеме целта на Вашата посета сега. Таа се поклопува со забрзаниот од на катастрофата која треба по најкуса постапка да го ликвидира од корен нашиот автентичен исконски идентитет. Треба да се избрише нашето име. Затоа не го сакаме НАТО“, се вели во отвореното писмо до Генералниот секретар на Алијансата.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG