Линкови за пристапност

Столтенберг побара да се одржи ветеното


Генералниот секретар на НАТО вели дека зголемување на средствата за одбраната се суштински за зачувување на алијансата

Шефот на НАТО на европските сојузници им кажал да ги зголемат трошоците за одбраната, како што побара претседателот на САД Доналд Трамп, ако сакаат да се одржи сојузот.

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, пред новинарите кажа дека е „од суштинско значење да се продолжи зајакнувањето на трансатлантските врски, на кои се заснова пактот“.

„Седумдесет години уникатното партнерство меѓу Европа и Северна Америка обезбедуваше мир и просперитет на двете страни на Атлантикот. Тоа не можеме да го земеме здраво за готово,“ рече тој при објавувањето на годишниот извештај на НАТО. Некои држави се` уште ги немаат исполнето обврските во рамките на Алијансата, додаде тој.

САД, Велика Британија, Естонија, Грција која се соочува со должничката криза и Полска се единствените земји кои ја исполниле целта за придонесување со два отсто од бруто домашниот производ за одбрана.

„Сите членки на највисоко ниво се согласија дека ќе го сторат тоа, во 2014-та година“, рече тој.

Во 2016 година, трошоците за одбрана во Алијансата предводена од САД се зголемиле за 3,8 проценти или за 10 милијарди долари.

„Во 2017 година, мора да ги удвоиме напорите за одржување на позитивниот моментум“, рече Столтенберг.

За време на претседателската кампања, Трамп кажа дека заштитата што ја обезбедува НАТО има цена и дека таа цена треба да се сподели меѓу сите членки. Ова предизвика вознемиреност меѓу 28-члениот воен сојуз, особено кај државите кои се граничат со Русија.

Во последниот говор пред Конгресот, Трамп кажа дека по „силни и искрени разговори,“ членките на НАТО се согласиле дека ќе ги зголемат нивните придонеси. „Парите пристигнуваат“ рече тој, но не даде детали.

XS
SM
MD
LG