Линкови за пристапност

Столтенберг: Членството ќе донесе поголема сигурност и просперитет за сите граѓани


Столтенберг: Членството ќе донесе поголема сигурност и просперитет за сите граѓани
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:12 0:00

Генералниот секретар на НАТО во Скопје порача дека Алијансата е подготвена да ја прими Северна Македонија во семејството

Состанокот на Северноатлантскиот совет, врвното политичко тело на НАТО, и Комитетот за интеграција на земјава, што за првпат се одржа во Скопје, само потврди дека во прашање се месеци кога Северна Македонија ќе стане 30-тата членка на Алијансата.

Генералниот секретар Јенс Столтенберг, придружуван од амбасадорите на 29-те земји - сојузнички, порача што значи оваа посета и што за земјата ќе донесе полноправното членство.

„Нашата посета праќа јасна порака дека сме подготвени да ве примиме во НАТО семејството. Откако сите членки ќе го ратификуваат пристапниот прокол Северна Македонија ќе стане 30. членка на Алијансата. Членството ќе донесе поголема сигурност и просперитет за сите граѓани. Ќе учествувате во формирањето на политиките на НАТО, вашиот глас ќе важи како и секој друг глас на сојузниците“, рече тој.

Досега 13 земји - членки го ратификувале пристапниот Протокол, а остануваат уште 16. Алијансата за потенцијален термин за завршување на овој процес го смета првото тромесечје од идната година. Владата се надева дека тоа ќе се случи порано.

„Ратификацијата на пристапниот Протокол во националните парламенти се одвива со забрзано и посакувано темпо. Самитот на НАТО во декември годинава во Лондон ја гледаме како одлична можност за симболично да ја одбележиме завршнициата на овој процес на 70-годишнината од формирањето на НАТО со приемот на 30. НАТО - членка, но, секако нема суштинско значење ако процесот на ратификација заврши и на почетокот на 2020 година“, изјави премиерот Зоран Заев.

Столтенберг го пофали постигнатото, врз основа на што, како што рече, се темелела поканата за членство, но, и потсети дека мора да продолжат натамошните реформи во одбраната и во разузнавачките структури.

Целта, според Генералниот секретар, е Северна Македонија да има стабилни и кредибилни безбедносни институции кои ќе можат да оперираат во рамките на НАТО.

Друго очекување на Алијансата е државата да ги зголемува средствата за одбрана и да се постигне бараното ниво од два отсто од БДП.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG