Линкови за пристапност

НАТО протера седум руски дипломати


Ќе го откажам и барањето за акредитација за уште нови три лица“, најави генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг

НАТО објави дека протерa седум руски дипломати и ja откажува акредитацијаta на уште три лица, како дел од „широкиот, силен и координиран“ меѓународен одговор за нападот со нервен гас врз поранешниот руски двоен агент и неговата ќерка во Британија.

„Денес ја повлеков акредитацијата на седуммина вработени во руската мисија во НАТО. Исто така ќе го откажам и барањето за акредитација на уште три лица“, рече генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, во вторникот. „Ова ќе испрати јасна порака до Русија дека ќе има последици за нивниот „неприфатлив“ начин на однесување.“

Столтенберг истакна дека Северноатлантскиот совет, исто така, ја намали големина на руската мисија во НАТО на 10 од вкупно 20 лица.

Овој потег следеше по мерките на САД како и повеќе од 20 други европски земји, кои ја обвинија Русија за нападот.

„Нашите активности ја одразуваат сериозната загриженост за безбедноста изразена од сите сојузници и се дел од координираните меѓународни напори да одговорат на однесувањето на Русија“, рече генералниот секретар на НАТО во вторникот. „Денешната одлука не ја менува политиката на НАТО кон Русија.“

Москва негираше каква било вмешаност, а рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, изјави дека масовните протерувања се резултат на „притисокот“ од Вашингтон.

САД во понеделникот наредија 60 руски дипломати обвинети дека се шпиони да ја напуштат земјата во рок од една недела и до 2-ри април наредија затворање на рускиот конзулат во Сиетл, град во сојузната држава Вашингтон.

Лавров рече дека Москва ќе одговори на американскиот потег во рок од една недела.

Белата куќа изјави дека за време на телефонските разговори во вторникот помеѓу американскиот претседател Доналд Трамп и германската канцеларка Ангела Меркел ги пофалиле заедничките најави од партнерите на НАТО за протерување на руските разузнавачи во солидарност со Обединетото Кралство, како и да возвратат на неодговорната употреба на хемиско оружје од страна на Русија.

Денеска во Пентагон, американскиот секретар за одбрана, Џим Матис, го критикуваше она што тој го нарекува „прилично очигледна употреба на оружје за масовно уништување“, хемиски агенси за првпат во Европа по Втората светска војна.

Тој истакна дека механизмот на Русија да работи заедно со НАТО „за жал, по изборот на Русија, е само минато“, поради најновите активности на Москва.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG