Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг кажа дека посакува средба на Советот НАТО – Русија, „кратко после“ самитот на Aлијансата во петок и во сабота, на кој ќе присуствуваат лидерите на владите на 28-те членки на Алијансата.
Тој додаде дека „транспарентноста и ризикот треба да бидат важна тема“ на средбата на Советот НАТО - Русија. НАТО ќе продолжи да биде „одговорен, транспарентен и предвидлив актер“, и ќе остане „отворен за дијалог со Русија,“ кажа Столтенберг.
Последната средба на Советот НАТО – Русија, која се одржа во април, Столтенберг ја опиша како настан со „длабоки и постојани недоразбирања.“