Ние засилено ја следиме ситуацијата на Западен Балкан и во Југоисточна Европа, како стратешки простор, каде мнозинството граѓани одлучуваат да се свртат кон Западот и да бидат дел од ЕУ, рече амбасадорот Филип Рикер, на телефонска прес-конференција со новинарите, нагласувајќи го членството на Северна Македонија во НАТО како пример за тоа.
„Сега се најдоа во ситуација на натпревар со одредени малигни актери, како Русија и Кина. Ние се бориме со тоа влијание на позитивен начин, и веруваме дека државите и граѓаните на Западен Балкан сами прават избор кон кого сакаат да се свртат“, рече Рикер.
Тој додаде дека дезинформирањето е клучен проблем во оваа борба, и оти САД работат со парнерите при справување со лажните наративи.
Според него, недостигот на транспарентност за време на пандемијата, уште повеќе создало простор за дезинформирање.
Специјалниот претставник на Стејт департментот Лиа Габриел, додаде дека руските наративи се обидуваат да ги претстават САД, НАТО и Европската Унија како неспосони во справување со КОВИД-19, додека Русија и Кина како лидери во борбата против коронавирусот.
Facebook Forum